Во Охрид мирна Новогодишна ноќ без инциденти
Новогодишната ноќ во Охрид каде имаше многу туристи до земјава и регионот помина мирно, без инциденти. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека не бил пријавен ниту еден случај на нарушување на јавниот ред и мир.
Совесно се однесувале и возачите. И покрај славењето до раните утрински часови во бројните ресторани, хотели, кафулиња, не е регистриран сериозен сообраќаен прекршок или незгода.
Во Итната медицинска служба имало интервенција во неколку случаи поради прекумерно консумирање на алкохол.
Слично
