Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ОХРИД И КРАТОВО: Лажни дојави за бомби во повеќе објекти

ВО ОХРИД И КРАТОВО: Лажни дојави за бомби во повеќе објекти

Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово.

Околу 10 часот денеска добиена е пријава за поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави. Околу 10.35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку смс порака добиле закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави. По почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, во регионот и во Македонија имаше серија дојави за бомби. На тапет беше и Србија.  Дел од лицата кои испраќале лажни дојави беа малолетници од земјава. 

Слично

Поврзани вести