Во Охрид до 7 часот 11 нови заболени од КОВИД-19, сите со полесна клиничка слика
Нови 11 случаи на заболени граѓани од Охрид од Ковид 19 , бележи ЈЗУ Општа Болница Охрид. На 18 тестови кои синоќа биле испратени во лабораторијата во МАНУ од страна на ЈЗУ Општа Болница Охрид, резултатите покажувале дека кај 11 лица е регистриран Ковид 19, пишува Охридскај.
Сите лица во текот на вчерашниот ден побарале лекарска помош во охридската болница и биле хоспитализирани во ковид центар во охридската болница. Во моментов сите инфицирани лица се со полесна клиничка слика. Инфективното оделение, како и пренаменетиот одел Геријатрија во Ковид центар во охридската болница се исполнети 100 отсто.
Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Горан Балески, во кординација со кризниот штаб при охридската болница, веќе ја приспособија и хурушката амбуланта во новиот дел на болницата во ковид центар. Загрижува фактот што одредени лица и ако имале заболен со ковид 19 во своите фамилии, не се придржувале на мерките на самоизолација.
