Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Во одбрана на Дебар Маало“: Предлогот на Жерновски е како ханзапласт на отворена фрактура на потколеница

„Во одбрана на Дебар Маало“: Предлогот на Жерновски е како ханзапласт на отворена фрактура на потколеница

По повод изјавата на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски да го решава со изградба на монтажен паркинг и поставување на заштитни столпчиња на улиците проблемот со блокираните тротоари и нерешениот паркинг простор од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ реагираат.

Во соопштението тие го поздравуваат напорот на градоначалникот на Општина Центар да ги согледа проблемите и ангажманот проблемот со блокираните тротоари во Дебар Маало да го решава со изградба на монтажен паркинг и поставување на заштитни столпчиња на улиците, но како што се додава, сметаат дека ова е како ханзапласт на отворена фрактура на потколеница.

„Инсистираме дека МОРА да се изработат научни студии и стратегија за развој на маалото на кои ќе бидеме консултирани, МОРА да одговори на нашите анкетни забелешки и МОРА да престане со издавање дозволи за градба додека не се установи фактичката состојба. И дали новата гаража е место за нови возила или за ист број само тргнати од тротоарите?“, пишува во медиумското соопштение.

Слично

Поврзани вести