Во очи на лидерската: Ќе има ли предвремени избори?
ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски и СДСМ предводен од Зоран Заев во своите ровови пред закажаната лидерска средба утре. Додека Мицкоски бара предвремени избори, Заев вели дека нема да исполнува желби. Инсистира на сите теми да се зборува на утрешната лидерска средба. Има ли опција некој да попушти?
Познавачите велат дека во овие денови можеби не, но дека како ќе одминуваат деновите се ќе зависи од развојот на настаните со последниот случај Рекет и со новите бомби на кои доста се лути и коалициониот партнер ДУИ, односно Али Ахмети.
„Јас нашите ставови јавно сум ги кажал. Немам намера да исполнувам желба за предвремени избори, иако знам дека ќе победам. Напоменувам, знам дека власта ќе победи и сум убеден во тоа, но немам намера само заради тоа да наштетам на економските перспективи на граѓаните. Која земја кога станувала членка на НАТО и почнувала преговори со Европската Унија го одложувале тоа и одела на избори? Кога? Зошто да се плашиме од предвремени избори или редовни избори во 2020 година кога со успешност ја внесовме земјата во НАТО, отвораме поглавја во ЕУ и економските параметри одат до небото, а граѓаните веќе ги чувствуваат економските придобивки? Мислам сите сме свесни и знаеме за што станува збор. Секој има право да прави секакви калкулации, но сепак сите имаме одговорност во државата и знаеме дека одлуките треба да ги носиме заедно“, рече вчера премиерот Заев.
Тој бара договор за изборниот законик, а Ахмети бара крајна објавувањето на бомбите за ДУИ. Мицкоски вели дека единствен избор на политичката сцена моментно се нови зибори. Што ќе се случи, експертите се воздржани.
