Во објекти во Тетово и Гостивар уапсени државјанки на Македонија, Косово и Албанија
Во неколку угостителски објекти во Гостивар и во Тетово се приведени седумнаесет државјанки на Македонија, Косово и Албанија.
Во текот на изминатиот ден е извршена акциска контрола во два угостителски објекти во Гостивар.
„Во угостителскиот објект на улица Илинденска во Гостивар биле затекнати и приведени две женски лица –државјанки на Република Македонија. Во угостителскиот објект во село Форино, Гостиварско, биле затекнати и приведени четири женски лица, по една државјанка на Македонија и Албанија и две на Косово“- информираа од МВР.
Во полициска акција изминатата ноќ во угостителски објект во село Желино, Тетовско, се затекнати и приведени 11 женски лица и тоа седум државјанки на Албанија и четири државјанки на Македонија.
Во последниве недели имаше неколку вакви акции во полошко при што имаше приведување на повеќе лица.
