Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во објект во Тетово се приведени 24 танчерки од странство

Во објект во Тетово се приведени 24 танчерки од странство

Приведени  се 24 танчерки од странство пронајдени во угостителски објект во Тетово. 

Во угостителски објект покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје, се затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки, од кои две се македонски државјанки, а 24 странски државјанки (пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина). Тие се приведени.

Кај едно женско лице од Албанија е пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од селото Радуша-скопско е пронајден нож.

Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово.

Во угостителски објект во селото Жеровјане-тетовско е приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РСМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени се Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Р.Албанија поради нерегулиран престој.

Слично

Поврзани вести