„ВО ОБЕДИНЕТА ДРЖАВА КАКО МАКЕДОНИЈА, АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК КОЈ 80 ОТСТО ОД ЛУЃЕТО НЕ ГО ЗНААТ, НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ВО ЕДНАКВА СЛУЖБЕНА УПОТРЕБА“ - Џевдет Хајредини повторно прецизен
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, кој во јавноста важи за човек со реални размислувања и ставови, преку својот фејсбук профил испрати многу јасна и прецизна порака околу употребата на јазиците во државава.
„Невозможно е да биде во еднаква службена употреба, во обединета држава како Македонија, албанскиот јазик, кој близу 80 отсто од вкупниот број граѓани ниту го зборуваат, ниту го знаат“, напиша на фејсбук овој поранешен министер, а сега аналитичар на политичките и економските збиднувања во државава.
Слично
