„ВО НОВАТА ВЕРЗИЈА НА ИЗВЕШТАЈОТ ТРГНАЛЕ МОДЕРЕН, ГО СТОРИЛЕ ПО ВЕКОВНО ДА ЗВУЧИ, ДА НИ УГОДАТ: Колозова „Кажете ми, што не разбирам?“
Активистката Катерина Колозова вели дека во новата верзија на извештајот се потврдува важноста на недвосмисленото признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет.
„Кажете ми што не разбирам. Ова е наведено како формулација во новата верзија на извештајот (тргнале "модерен"), го сториле по-"вековно" да звучи, да ни угодат: "Ја потврдува важноста на недвосмисленото признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет како составен дел од наследството на нацијата, уставниот поредок, но и од европските вредности; забележува дека европските институции, во своите извештаи за земјите и официјални документи, постојано се повикуваат на македонскиот јазик во согласност со меѓународното признавање и спроведувањето на Преспанскиот договор; потврдува дека почитувањето на јазичниот, културниот и националниот идентитет е фундаментална компонента на процесот на пристапување во ЕУ и камен-темелник на демократските општества, што дополнително ќе се потврди со пристапувањето во семејството на европските нации”, стои во нацрт-извештајот.
Ако ова не е новата формулација, туку нешто старо, нешто друго, грешка во веста - поправете ме. Ако е, за кое бришење на "македонскиот идентитет" зборите? Што не разбирам ја, дај објаснете ми“, напиша таа.
