Во новата работна недела повторно ќе имаме врнежи од дожд
Од вторник повторно ќе има врнежи од дожд во Македонија.
„Од вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Поради обилните дождови, вчера имаше поплавени куќи и ниви во Чешиново-Облешево.
Претходно месецов поплави имаше и во три ресенски села.
foto freepik.com
Слично
