Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО НОВАТА РАБОТНА НЕДЕЛА: Се очекува топлотен бран

ВО НОВАТА РАБОТНА  НЕДЕЛА: Се очекува топлотен бран

Toплотен бран ќе имаме во новата работна недела. 

Времето денес во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне, претежно во западните делови, ќе има локалена нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне  се очекува нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи до 16, а дневната до 34 степени.

Топлотен бран се очекува од понеделник до среда, кога времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Максималните дневни температури ќе достигнат и до 39 степени.

Слично

Поврзани вести