Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во новата година ќе имаме четири продолжени викенди, од кои првиот во јануари

Во новата година ќе имаме четири продолжени викенди, од кои првиот во јануари

Догодина ќе имаме 11 неработни денови, односно четири продолжени викенди. 

Првиот продолжен викенд ќе биде за време на божикните празници, а неработен ден е 7 јануари, петок.

Втор неработен ден што се спојува со викенд е 25 април (понеделник), вториот ден на Велигден. Продолжен викенд ќе има и за 1 мај, кој се паѓа в недела, поради што неработен ден е понеделник, 2 мај. На овој ден е и празникот Рамазан Бајрам.

Последниот продолжен празничен викенд е во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври.

Слично

Поврзани вести