Во Нов Истевник се берат ореви, „фингерпринтот“ не работи од бојата на прстите
Во Нов Истевник, селото близу Делчево кое беше под најголема закана за време на пожарите во авгус и го спасуваа пожарникари од Австрија, Словенија и Бугарија, во моментов е сезона на берба на ореви па тоа дополнително го отежнувало гласањето со „фингерпринт“.
Славе Михаилов, одговорниот во гласачкиот одбор во селото во кое право на глас имаат нешто повеќе од 90 жители, за репортерот на Канал 5 рече дека оревите оставале боја на прстите кај жителите, па поради тоа уредот за биометриска идентификација имал дополнителен проблем.
Инаку во ова село гласањето се одвива во училиштето кое одамна не работи, бидејќи повеќе нема ученици во ова населено место, и сега тоа е пренаменето во фарма за магариња.
Слично
