Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО НИШ ГИ ВАКЦИНИРААТ СИТЕ, ПА И ОНИЕ КОИ НЕМААТ ЗАКАЖАНО: Мајките со мали деца ги пуштаат веднаш

ВО НИШ ГИ ВАКЦИНИРААТ СИТЕ, ПА И ОНИЕ КОИ НЕМААТ ЗАКАЖАНО: Мајките со мали деца ги пуштаат веднаш

Дел од македонските граѓани кои денеска заминаа на вакцинација во соседна Србија велат дека од утринава се тече беспрекорно, без никакви застои. На граничниот премин Табановце чекале најмногу половина час до 40 минути, а на вакциналниот пункт во Ниш, како што изјавуваат за Фактор, се пречекани најљубезно од страна на здравствените работници.

-Јас и сопругот немавме закажано, единствено го пополнивме формуларот на Е-управа. Малата има само две години и бидејќи немавме каде да ја оставиме, ја земавме со нас. Кога ме видоа со мало дете во количка веднаш ми рекоа да влезам, а подоцна излезе сестра која ги повика сите мајки со мали деца за да не стоиме во редот. Сопругот малку ќе почека, но немам зборови за организацијата и за дадената можност да си го заштитиме здравјето. Како млади луѓе во Македонија кој знае дали и во септември би дошле на ред со ова темпо на вакциналниот процес кај нас, вели Вики М. За Фактор.

И покрај тоа што навистина има големи редици пред вакциналниот пункт, појаснува дека времето на чекање не е предолго. А, истовремено посочува дека секој што е дојден, е подготвен да чека колку треба само да дојде до посакуваната вакцина.

Исто така, соговорничка на Фактор од Скопје вели дека на тој вакцинален пункт ги вакцинираат сите кои се присутни, дури и оние кои немаат закажан термин.

-Јас лично не сум преку акцијата што ја организираат стопанските комори во регионот. Реков ќе одам па што сака нека биде, но еве веќе сум вакцинирана. Не прават никаков проблем.

Ова е втор ден како македонски граѓани се упатива во Србија да се вакцинираат. Голем број се во Белград, но има и во другите градови кои поблиску гравитираат кон Македонија.

А.Б.

Слично

Поврзани вести