Во Ниш денеска вакцинирани 1.100 македонски стопанственици во акцијата на Стопанската комора
Во текот на денешниот ден, повеќе од 1.100
македонски стопанственици беа вакцинирани во рамки на акцијата која на
организираше Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Стопанската
комора на Србија, во рамките на Коморскиот инвестициски форум.

Тимовите на Стопанската комора на Северна Македонија, распоредени во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија, на граничниот премин Табановце и во дежурната служба во просториите на Комората, во текот на целиот ден ги преземаа сите потребни активности за процесот да тече непречено и без застои, според дефинираниот распоред.

Во рамки на акцијата координирана од Коморскиот инвестициски форум вакцинација за повеќе од 4.000 стопанственици од Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора се реализираше и во просториите на Саемот во Белград.
Со оваа акција, Коморскиот инвестициски форум и сите стопански комори од регионот со доследна примена на мотото “Еден регион, една економија”, покажаа дека единствено со заеднички сили регионот може да успее да ги надмине последиците од пандемијата и да работи на брзо економско закрепнување.
