Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во невремето во скопско настрадаа 21 лице

Во невремето во скопско настрадаа 21 лице

Пронајдени се 21 загинато лице од невремето кое синоќа го зафати Скопје и околината, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од нив 20 веќе се идентификувани и предадени на семејствата, а за едно лице трае процесот на идентификација. Жртвите се пронајдени во реонот на Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци.

Според податоци од полицијата, до 6 часот наутро во скопските болници побарале помош 22 луѓе, а потоа до 11 часот имало уште 56 повредени, од кои девет се задржани во болница, а останатите се пуштени дома.

Противпожарната бригада работи на испумпување на водата од поплавените домови. На дел од обиколницата и во правецот од влез од населба Ченто кон Арачиново сообраќајот е сведен на минимум.

Се расчистува хаосот кој зад себе го остави невремето од синоќа.

Слично

Поврзани вести