Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во неколку македонски градови полесно се дише

Во неколку македонски градови полесно се дише

Според податоците на мерните станици на Министерството за животна средина, утрово во неколку градови имаме почист воздух. 

Во светло зелена боја е обоено Куманово, што значи дека таму воздухот е многу ниско загаден. Охрид, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци и Кочани се ниско загадени, а Велес, Струмица и Берово се средно загадени. Останатите градови како Скопје, Битола, Прилеп, Кичево, Тетово се високо загадени. 

Скопје утрово е 23-от најзагаден град во светот. 

Неколку дена по ред Куманово е со ниско загаден воздух, но треба да се напомене дека во новата година за куамновци општината обезбеди бесплатен јавен превоз.

Слично

Поврзани вести