Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во недела се одбележуваат 52 год. од катастрофалниот земјотрес кој го тресеше Скопје

Во недела се одбележуваат 52 год. од катастрофалниот земјотрес кој го тресеше Скопје
Во недела /26.07.2015 година/ во 10 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќиња. Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот,  на крводарителска акција  што традиционално ја  организира  Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот. Вечерта во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“, а во 20:30 часот, градоначалникот Коце  Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе  ја отвори изложбата „Скопје 1963 - пред и потоа“.  
Слично

Поврзани вести