Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во недела кога и Господ одмора, пратениците се „запалија“ за буџетот

Во недела кога и Господ одмора, пратениците се „запалија“ за буџетот

Почнаа во 13 часот, а по кратката пауза, во моментов и натаму наголемо дебатираат за буџетот за идната година. 

На последниот ден од расправата за државната каса за идната година, пратениците добија голема желба да се препукуваат и надмудруваат меѓу себе за тоа кој подобро или полошо направил за економијата.

Фрчат реплики и контрареплики, кој повеќе придонел за индустријата, кој повеќе ја задолжил државата, кој го зголемил животниот стандард, и дали растот на пензите и палтите е или не е предизборна корупција. 

Инаку, денеска е петтиот ден од расправата за буџетот на пленарна седница, а согласно собранискиот деловник, мора да биде и последниот, бидејќи толку се предвидени за дебата на пленарната сесија. 

Од досегшните дискусии може да се забележи дека опозицијата буџетот го третира како неразвоен и наменет за предизборно купување на граѓаните, а владејачките партии го бранат дека е во согласност со растот на домашната економија и е во насока на фискална стабилизација, како и дека со зголемените плати и пензии со него ќе се инвестира во човечки капитал.

Буџетот за идната година е најгломазен досега и тежи 3,9 милијарди евра, додека на страната на приходите се очекува да се соберат 3,6 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести