Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО НЕДЕЛА ЌЕ СЕ БЕРАТ БАДНИКОВИ ГРАНЧИЊА, традиција која ги сплотува скопјани над 30 години

ВО НЕДЕЛА ЌЕ СЕ БЕРАТ БАДНИКОВИ ГРАНЧИЊА, традиција која ги сплотува скопјани над 30 години

Како и претходните години, така и оваа година, традицијата продолжува со средбата на жителите на главниот град со званичниците на Бадник 2023 година. Имено, во недела (25.12.2022) во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно), во рамките на годинашната прослава на Бадник традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2023 што по 31-ти пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

Настанот е со цел на скопјани да им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, кое ќе се одржи на 6-ти Јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. 

- Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик. Инаку, неделната средба е точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче, први тоа ќе го направат Кумовите и Здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски - јуниор и Иве Стевков, Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот Кум и Здравичарот, потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата. Следуваат изјави за медиумите, а потоа е слободна дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент и на чист воздух, на само 20-на километри од загаденото и зачадено Скопје, со пржена риба, со чаша пиво, вино и сок - соопштуваат од граѓанското здружение.

Дополнуваат дека локацијата на настанот многу лесно се наоѓа: се врти десно од патот за Драчево кон Батинци (кај мостот на Маркова Река) се до крстосницата, за Езерото Козјак и ХЕЦ Матка-Света Петка.

Членови на одборот ќе ги пречекаат ВИП гостите и сите заедно организирано ќе тргнат кон Краста триесетина минути пред 12 часот.

Слично

Поврзани вести