ВО НЕДЕЛА ДА ГО БУТНЕМЕ АРОГАНТНИОТ СО ПЕНКАЛО: Петар Георгиевски-Камиказа повика да се гласа против Шилегов
Перо Камиказа повика во недела да се гласа против Шилегов. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, поддржан од Левица, можеби не освои доволен број гласови во првиот круг, за да продолжи да биде дел од трката во вториот изборен круг, но сепак тој не крие за кого нема да го даде својот глас на изборите на 31 октомври, во недела.
Утрово, тој преку Facebook статус, ги повика своите фанови во недела да го бутнат со пенкало, како што стои во неговата објава “арогантниот“, а секако се мисли на актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.
ФОТО: Фејсбук
Слично
