Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во најкусиот месец за задоволување на основните потреби на четиричлено семејство биле потребни 32.383 денари

Во најкусиот месец за задоволување на основните потреби на четиричлено семејство биле потребни 32.383 денари

Според податоците на Синдикалната минимална кошница, на едно четиричлено семејство во Македонија во февруари му биле потребни 32.383 денари за основните месечни потреби.

Нејзината вредност е зголемена во споредба со јануари кога изнесувала 32.354 денари.

Најмногу пари или 13.395 денари во февруари биле потребни за храна и пијалоци, а 10.476 денари за комунални трошоци и покуќнина. За лична хигиена се одвојувале 927 денари, а за хигиена во домот 1.364 денари.

За превоз четиричлено семејство трошело 2.349 денари, а за обувки 2.122 денари. Најмалку пари се одвојувале за културни активности и за здравје.


Слично

Поврзани вести