ВО НАБАВКАТА НА СПОРНИ ДЕРИВАТИ, СЕ СПОМЕНУВААТ МНОГУ ИМИЊА: Блиски луѓе на Ахмети, бизнисмени....
Скандалот за злоупотреби при увоз на мазут, брои се повеќе имиња. Се споменуваат блиски луѓе на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, Ерџан Салукоски кој му е партнер на зетот на Ахмети, Куштрим Смајлај, поранешниот директор на ЕСМ, Адријан Муча...
Се споменуваат и имињата на Никола Стојановски, Емил Пецаков, Марија Нешовска, Благица Марковиќ, Ружди Рамадани, Душица Сеизовска Јовановиќ, Добрила Стефаноска, Данчо Стојановски…
Во 2022 година Сулкоски и Смајлај ја основале фирмата „К.С.А. интернешнл“. Сулкоски, освен во фирмата на зетот на Ахмети, во 2022 станал косопоственик и на компанијата РКМ на Ратко Капушевски, која ги добиваше тендерите за набавка на мазут за државни потреби чија вредност беше околу 120 милиони евра. Ерџан Сулкоски излегол од фирмата „К.С.А. интернешнл“ во која бил косопственик и коуправител со зетот на Али Ахмети на 23 август 2023 година. Претреси се вршат во Скопје, Кичево и во Пласница.
Полицијата и Јавното обвинителство потврдијат дека во истрагата се опфатени уште десетина лица, вработени во ЕСМ и во фирми кои наводно нелегално набавувале и дистрибуирале деривати. Ковачевски е во бегство поради друга истрага што се води против него.
ВМЕШАНИ СЕ И РОДНИНИ НА АХМЕТИ: Многу имиња се споменуваат дека паднале во акцијата со спорниот мазут на МВР