Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во музејот на Холокаустот во Скопје утре ќе се прикажува документарниот филм "Лебот на сеќавањето"

Во музејот на Холокаустот во Скопје утре ќе се прикажува документарниот филм "Лебот на сеќавањето"


Амбасадата на Италија во Скопје има чест да информира дека во среда, на 14-ти март, во 19.00 часот, во Музејот на Холокаустот во Скопје, по повод комеморативните настани поврзани со 75-годишнината од депортацијата на евреите од Македонија и по повод италијанското претседателство со IHRA (Меѓународно алијанса за сеќавање на холокаустот), Амбасадата на Италија, Фондот за холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница на Република Македонија го организираат прикажувањето на документарниот филм "Лебот на сеќавањето" (Il pane della memoria).


Проекцијата на филмот (на италијански со превод на македонски) ќе се одржи во присуство на режисерот Луиџи Фачини (Luigi Faccini) - кој штотуку ја доби Сребрената лента - една од најпрестижните награди на Италијанскиот национален синдикат на филмските новинари, како и на продуцентката Марина Пиперно (Marina Piperno), која е една од ретките кои успеаја да избегаат за време на масовната депортација на Евреите во Рим во октомври 1943 година. Предвиден е и краток вовед од страна авторите.


Филмот, кој веќе беше прикажан по повод одбележувањето на "Денот на сеќавањето на холокаустот" – ја раскажува долгата историја на еврејската заедница во Петиљано (Италија), преку сведочење на последниот жив член на таа заедница. Нејзиното интензивно сведочење дава светло на интеграцијате  меѓу христијаните и евреите, во голема мера изменето по воведувањето на расните закони, што довело до исклучување од заедницата, дискриминација и, конечно, депортација.

Пред проекцијата, г-дин Горан Садикаријо, директор на Фондот за холокаустот на евреите од Македонија, г-ѓа Берта Романо Николиќ, Претседател на еврејската заедница на Република Македонија, како и Н.Е. Карло Ромео, Амбасадорот на Италија, ќе оржат поздравни говори.

Слично

Поврзани вести