Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во МОН стигнале 20 пријави за врсничко насилство

Во МОН стигнале 20 пријави за врсничко насилство

Во Министерството за образование и наука (МОН) веќе има 20 пријави за врсничко насилство. 

Министерот за образование, Јетон Шаќири изјави дека првиот чекор во процесот е проверка на изворите и точноста на информациите наведени во пријавата, по што ќе следат други чекори. Младите, родителите и граѓаните можат да пријават врсничко насилство на мејловите prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk.

По масакрот во Белград, каде ученик уби 9 луѓе и повреди 7, македонските власти преземаат мерки. 

Во полиција вчера беше пријавен случај каде ученици во Скопје составувале список, а денеска тоа се случило и во Тетово. Деца на возраст од 11 години составиле писмо со закани и го оставиле во тоалетот, по што се повикани во полиција со родителите. 

Слично

Поврзани вести