Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО МОМЕНТОВ ИМАМЕ САМО 5.000 ВАКЦИНИ ЗА ПРВА ДОЗА: Деновиве ќе стигнат 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција

ВО МОМЕНТОВ ИМАМЕ САМО 5.000 ВАКЦИНИ ЗА ПРВА ДОЗА: Деновиве ќе стигнат 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција

Во текот на неделава во македонија ќе пристигнат 70.000 дози вакцини од Грција и од Бугарија, најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска е на Криволак.

-Оваа недела треба да дојдат 70.000 вакцини, 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција, најверојатно АстраЗенека, бидејќи се уште немаме потврда за типот на вакцините. И тоа што редовно доаѓа секој понеделник од Фајзер и секако големата количина од Кина, од каде се уште немаме потврда кога ќе стигнат, но најавата беше на почетокот на јуни, изјави министерот Венко Филипче.

Филипче вели дека во земјава се останати помалку од 5. 000 вакцини за прва доза. Сите други се за ревакцинација на граѓаните што веќе примија прва доза.


Слично

Поврзани вести