„ВО МИНАТОТО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК БИЛ ДЕЛ ОД БУГАРСКИОТ ЈАЗИК“: МНР ќе ја провери автентичноста на оваа изјава на Ана Паула Закаријаш
Премиерот Зоран
Заев изјави дека Министерството за надворешни работи ќе ја провери автентичноста на изјавата на Ана
Паула Закаријаш, Државната сектерака
за европски, по што, како што рече премиерот, МНР ќе даде свој коментар.
Имено, португалските медиуми денеска ја пренесоа нејзината изјава која ја даде за Бугарското национално радио при што рече дека „јазикот на Северна Македонија некогаш бил дел од бугарскиот јазик“.
Истовремено, Заев го повтори ставот дека португалскиот предлог е добра
основа кое нуди, но не зазема страни.
– Во самиот предлог во преговарачката рамка е решението „преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик”. Секако, имаат изјави двете страни, и нашата и бугарската страна, кадешто, веројатно, министерката направила толкување за бугарски медиуми или слично за кое нешто ќе провериме денеска преку стручните служби од МНР за автентичноста на тоа што е кажано и МНР соодветно ќе реагира во јавноста, истакна премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали по денешната изјава на Закаријаш се уште смета дека португалскиот предлог е добра основа за решение за решение со Бугарија.
