Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во масовно апсење за шверц на мигранти се бара притвор и за началникот на СВР Штип

Во масовно апсење за шверц на мигранти се бара притвор и за началникот на СВР Штип

До вечер судија на претходна постапка ќе одлучи дали и за кого ќе има притвор од групата на 17 уапсени шверцери на илегални мигранти од Аванистан, Ирак и Бангладеш.

Станува збор за осомничени 21 лице. Јавното обвинителство за организиран криминал соопшти дека меѓу уапсените има и полициски началник. Медиуми тврдат дека се работи за началникот на СВР Штип, кој им давал информации на криумчарите.

Дел од осомничените остварувале комуникација со сега осомничен полициски службеник од СВР Штип, а со цел добивање на известувања за евентуална поставеност на полициски патроли, контроли или заседи, како и информации за тоа дали криминалната група е предмет на истрага во МВР и насоки како да го прикријат нивното криминално делување.

Групата била поврзана и со соработници од Грција во комуникацијата за премин преку т.н. зелена граница.

Мигрантите со сместување завршувале во Ваксинце и Лојане, инаку познати дестинации кои неколку пати до сега биле мета на полицијата, но каналот и понатаму не е затворен од МВР.




Слично

Поврзани вести