Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО МАРТ ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ОД ЛАНИ: Србите и Бугарите најбројни

ВО МАРТ ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ОД ЛАНИ: Србите и Бугарите најбројни

Според  Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2018 година изнесува 53 836, а бројот на ноќевањата изнесува 108 638, што претставува раст за 25.1 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18.7 %. 

Бројот на домашните туристи во однос на март 2017 година, е зголемен за 18.5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 28.4 %.  Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 3.6 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 28.5 %. 

Во периодот јануари – март годинава, во однос на истиот период лани бројот на туристите е зголемен за 17.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.1 %, а кај странските има зголемување за 21.5.%.  

Во периодот јануари – март 2018 година, споредбено со лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 17.7 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.5 %, а кај странските има зголемување за 21.4.%.

3 413 туристи имало од Грција,  2 103 од Косово,  3 913 од Бугарија,  1 834 од Албанија,  3 665 од Србија,  3 072 од Турција, 1 447 од Хрватска, 1000 од САД,  931 од Шведска, а другите се во помал број. 

Слично

Поврзани вести