Во март помалку туристи - колку посети бележи Македонија?
Намален бројот на туристи во март.
Бројот на туристите во март 2017 година изнесува 43 033, а бројот на ноќевањата изнесува 91 532.
Во однос на март 2016 година, бројот на гости е намален за 3.5%, а бројот на ноќевањата е намален за 3.2%. Бројот на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 4.3%, а бројот на странските туристи е намален за 3.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 11.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3.2%, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари - март 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.8%, а кај странските има зголемување за 6.9%. Во периодот јануари - март 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 5.6%. Кај домашните туристи има намалување за 1.8%, а кај странските има зголемување за 11.3%.
Најголем број од посетителите биле од Грција, Бугарија, Германија, Албанија и други земји. Најмалку гости имало од Исланд, Малта, Нов Зеланд и Јужна Африка.
Земјата во февруари имаше раст на бројот на туристички посети. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2017 година изнесува
36 869, а бројот на ноќевањата изнесува 79 860. Бројот на туристите во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, беше поголем за 13.6%, а бројот на ноќевањата зголемен за 10.3%.
