ВО МАРТ ЌЕ ДОЈДАТ 17.550 ВАКЦИНИ, ВО АПРИЛ УШТЕ ТОЛКУ - премиерот побара и солидарност од европските земји
Најсигурни се оние 5.800 дози вакцини кои ги добивме од Фајзер, рече на денешната пресконференција премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање. Тој, како што објасни, очекува деновиве земјите членки на ЕУ да покажат солидарност и да ни дадат од нивните вакцини против ковид-19 уште месецов. Премиерот откри дека побарал од ЕУ да одвојат 5 отсто од нивните вакцини за земјите од Западен Балкан, бидејќи, како што рече, така и кај нив но и во овие држави нема да има прекин во вакцинирањето.
„Најсигурни ни се 5 илјади и 800-те вакцини од ‘Фајзер’ и додека тие се користат, ќе почнат да стигнуваат вториот и третиот пакет. Она на кое во моментот реагираме се првите испoраки кои стигнаа во ЕУ и некаде се околу 10 илјади, 15 илјади, 20 илјади, 7 илјади, во зависност од големината на земјите и тие стартуваа со давање на вакцини на граѓаните и процесот додека трае ќе им стигнат и вторите испораки. Затоа ние баравме барем 5 отсто од тоа што го имаат земјите членки на ЕУ да го споделат со Западен Балкан и да може непречено да продолжи вакцинацијата во земјите од ЕУ. Ќе им стигне втората испорака, а притоа ќе имаат солидарност со земјите од Западен Балкан. Јас очекувам навистина солидарноста на ЕУ да ја видиме овие денови заради тоа што тоа е еден од најизвесните начини уште во јануари да ја добиеме вакцината, а секој ден порано е добредојден“, рече Заев.
Според Заев, 5.800 вакцини е количина која не би стигнала ниту само за здравствените работници во земјава кои работат на пациенти со ковид.
„Видовме дека 7.700 здравствени аботници се вкупно кои работат само директно со ковид. Имаме околу 24-25 илјади здравствени работници во државата, а каде се хронично болните, каде се пензионерите, граѓани кои изгубиле член на семејството поради ковид, за кои исто така најавивме дека ќе бидат во приоритетните“, објасни премиерот Заев.
За вакцинацијата ќе се води јавна кампања, но таа нема да биде владина, бидејќи владините кампањи се укинати, со цел да ја подигнеме свесноста за вакцинацијата бидејќи така побрзо ќе заврши пандемијата во нашата земја.
