ВО МАРТ ИМАМЕ ЕДЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Еве кој ден е неработен
Следниот неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март (петок), кога се одбележува Рамазан Бајрам.
Согласно Законот за празниците, овој ден е државен празник и неработен за сите граѓани, со што се создава можност за продолжен викенд.
Институциите, училиштата и поголемиот дел од компаниите нема да работат, освен оние што функционираат во рамки на дежурни служби и континуирани процеси.
Рамазан Бајрам се одбележува по завршувањето на светиот месец Рамазан и претставува еден од најголемите исламски празници.
Слично
