Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во март 26.241 прекршок преку системот „Безбеден град“

Во март 26.241 прекршок преку системот „Безбеден град“

Во месец март констатирани се 26.241 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“ со 68.2 отсто намален бројот на прекршоци за минување на црвено светло споредбено со февруари

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2 проценти во споредба со месец февруари.
Најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа регистрирани дури 941 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола.

„Исто така, изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 16.7% во однос на минатиот месец. Од нив 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место“, објави МВР.


Слично

Поврзани вести