Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во малата Демир Капија има дури 72 активни случаи на коронавирусот

Во малата Демир Капија има дури 72 активни случаи на коронавирусот

Коронавирусот брзо се шири и во малите градови во внатрешноста. Во Општина Демир Капија има дури 72 активни случаи на коронавирусот. 

Богданци има 70, Валандово и Делчево 75, Демир Хисар 42, Македонски Брод 24, Кратово 19, Берово 83 активни.Ресен има 128 случаи, а Радовиш 76, додека во Крива Паланка има 115 активни. Крушево има 127 активни, а Пробиштип 64. 

Најмалку, само 3 има во Македонска Каменица, Дојран 9 и Пехчево 12 активни случаи на ковид - 19. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.

Полицискиот час останува на сила и понатаму. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести