Во Мала Речица заседава централното претседателство на ДУИ
Почна средбата на централното претседателство на ДУИ.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети е во седиштето на партијата во Мала Речица, каде пристигна и централното раководството.
Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, треба да реферираат за текот на разговорите со работниот тим на СДСМ.
Заев синоќа по средбата со Ахмети изјави дека одредени разлики надминале додавајќи дека иако тој ги чека потписите,а и да не ги добиел немало да се менува Уставот. За разликите што остануваат Заев рече дека тие се во толкувањето на уставната имплементација на практичната реализација на законот.
Ахмети рече дека на средбата со Заев не било разговарано за потписите за добивање мандат.
Слично
