Во Македонија „врие“, Јанева се релаксира на плажа
На Фејсбук се појави фотографија од специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева наводно фотографирана на плажа во Грција додека ја масираат.
Фотографијата се појави откако италијански весник утринава објави видео од моментот кога Боки 13 и Зоран Кичеец со полна торба пари излегуваат од домот на бизнисменот Орце Камчев.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ја сподели фотографијата од специјалната обвинителка на Фејсбук.
И претходните денови Јанева беше „уловена“ на плажа.
Слично
