Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија во петок ќе пристигнат уште 38.400 вакцини Астра Зенека

Во Македонија во петок ќе пристигнат уште 38.400 вакцини Астра Зенека

Во петок во земјава пристигнуваат уште 38.400 вакцини Астра Зенека. 

Дека ќе стигне нова пратка вакцини, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук. Toj повика граѓаните да се пријавуваат за вакцинација. 

„Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.“, пишува Филипче. 

Владата на 69-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за формирање на регионални центри за КОВИД-19 вакцинација за Струмица, Прилеп и Велес. 

Во Македонија се намалува бројот на заболени од коронавирусот. За 24 часа има 171 заразен и 26 починати. 

Забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021 ќе почнува од 24:00 часот и ќе трае до 04:00 часот наутро наредниот ден.

foto freepik

Слично

Поврзани вести