„ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2050, НА ПРЕДИЗБОРНИ МИТИНЗИ, ЛИДЕРИТЕ ЌЕ ВЕТУВААТ НОВ МОДЕРЕН КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР“: Д-р Беќаровски за здравствениот напредок на земјава, додека AI во Полска имплантира колкови
Д-р Нико Беќаровски вели дека додека во Полска вештачката интелигенција успешно извршила имплантација на вештачки колк, во Македонија за замена на колк има само „приватни термини“.
„Полска стана третата европска држава (по Словачка и Белгија) во која роботска рака со помош на В.И. успешно имплантираше вештачки колк.
Во Македонија за замена на колк до крајот на годината има "само приватни термини"
За 20-25 години во цивилизираниот дел од светот мало роботче со В.И. ќе доаѓа во Вашиот апартман, за половина час ќе Ви ги направи сите испитувања и дијагностики, ќе може и да Ве оперира, а големите болници и Клинички центри ќе станат Домови за стари и изнемоштени луѓе во кои целата нега ќе ја вршат хуманоидни роботи.
Истовремено во Македонија во 2050 година, на предизборни митинзи "лидерите" ќе ветуваат нов модерен Клинички центар и регионални болници“, напиша тој.

Слично
