„ВО МАКЕДОНИЈА ТЕ СУДАТ НЕ САМО НА КЛАСИЧНА КАЗНА ЗАТВОР, ТУКУ НА ДВОЈНА КАЗНА, БИДЕЈЌИ ЗАТВОРИТЕ СЕ СО НЕЧОВЕЧКИ УСЛОВИ“: Ванковска за казната за Васил
Професорката Билјана Ванковска со став околу пресудата за Васил.
„За сите оние кои врескаат и бараат бесилка наместо казна од 12 години затвор, сметајќи ја за блага, не можам да препорачам малку знаење од областа на кривичното право. Но, би било добро да може некако да поминат 2-3 дена во Идризово. Можеби ќе сфатат дека во Македонија те судат не само на класична казна затвор, туку на “двојна” казна бидејќи затворите се со нечовечни услови.
Кога гледам разулавени и крвожедни на социјалниве мрежи, сфаќам како било некогаш кога беселе луѓе на плоштади, а масата паѓала во екстаза.
Слично
