Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија се потврдени 119.828 случаи на ковид

Во Македонија се потврдени 119.828 случаи на ковид

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, објави денеска Министерството за здравство. 

Бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851. Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19. Во главниот град има 7.604 активни случаи на коронавирусот. 

Коронавирусот брзо се шири и во малите градови во внатрешноста. Во Општина Демир Капија има дури 72 активни случаи на коронавирусот. 

Најмалку, само 3 има во Македонска Каменица, Дојран 9 и Пехчево 12 активни случаи на ковид - 19. 

Владата официјално соопшти дека одлуката за полицискиот час која истекуваше денеска, се продолжува во наредните две недели, по предлог на Комисијата за заразни болести.

foto freepik

Слично

Поврзани вести