Во Македонија се очекуваат најмногу 50 повратници од Исламска држава
Се очекуваат најмногу 50 повратници од Исламска држава.
Премиерот Зоран Заев вели дека развиваат комплетни програми за ресоцијализација.
„Мислам дека сме една од првите земји во процесот на ресоцијализација на членови на семејствата и на репатрирани борци на терористичката група Исламска држава, што следи по издржувањето на затворските казни, кои се високи по стандардите на државите сојузници“, изјави Заев.
Тој додаде дека тие програми се состојат од начини на изнаоѓање на работни места на самите лица, но и за членови на нивното семејство, од прецизна психолошка и социјална поддршка, социјални програми од апсект на враќање во нормала на нивниот живот и стабилизирање.
Слично
