Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВААТ УШТЕ ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ОД БУГАРИЈА: Од Клиниката за пластична хирургија ќе бидат испишани девојчето и 49-годишниот човек

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВААТ УШТЕ ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ОД БУГАРИЈА: Од Клиниката за пластична хирургија ќе бидат испишани девојчето и 49-годишниот човек

Првите двајца пациенти, од вкупно седумината, кои ја преживејаа страотната несреќа во Бугарија, а кои во саботата беа донесени со возила на Итната медицинска помош и и сместени на Клиниката за пластична хирургија, денеска ќе бидат испишани, односно ќе бидат на домашно лекување.

Министерот за здравство соопшти дека нивната здравствена состојба е добра и дека со нив работат психолози.

-Денеска од болницата Пирогов во Бугарија ќе пристигнат уште тројца наши сограѓани. Едниот пациент е веќе кон Македонија, а другите двајца се очекува да дојдат вечерва. Сите ќе бидат сместени, повторно на Клиниката за пластична хирургија. Тие добро се чувствуваат, може да го издражат патувањето, во добра здравствена состојба е и пациентот кој имаше хируршка интервенција, соопшти министерот.

А.Б.


Слично

Поврзани вести