Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија пристигнаа 100.000 кинески вакцини

Во Македонија пристигнаа  100.000 кинески вакцини

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини во Македонија. 

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото. Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска пристигна донација од уште 100.000 вакцини од „Синофарм“ од Кина.

На кутиите од донацијата пишува „Пријателот во неволја е поблизок од брат“. 

„100.000 е бројка која за земја со број на население како нашето може значајно да ја смени сликата на пандемијата“, нагласува министерот.

Тој во објавата повторно порача дека вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата, и не само кај нас, туку насекаде во светот.

Вчера стигнаа нови дози од Астра Зенека. 

Пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои се обезбедени преку Ковакс механизмот. 

Слично

Поврзани вести