Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО МАКЕДОНИЈА ПОТВРДЕН ЧЕТВРТИ СЛУЧАЈ НА ДЕЛТА СОЈОТ: Заразените не се вакцинирани

ВО МАКЕДОНИЈА ПОТВРДЕН ЧЕТВРТИ СЛУЧАЈ НА ДЕЛТА СОЈОТ: Заразените не се вакцинирани

Во Македонија по трите случани на заразени со делта варијантата, потврден е и четвртиот, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, по посетата на Клиниката за гинекологија и акушерство. Вели дека станува збор за пациент кој е хоспитализиран во болницата во Велес и пациентот е со лесна клиничка слика. Истовремено, вели министерот, се чекаат резултати за уште четири пациенти.

-Тие се лекуваат тука во Скопје, само еден од четворицата има потешка клиничка форма и е на респраторна машина. Се прави скрининг на тестовите и секаде каде што скринингот нема да покаже дека станува збор за британската варијанта, се прави секвенционирање за да се потврди евентуално индискиот сој и резултатите ќе треба да ги имаме вечерва за овие четири пациенти, рече Филипче.

Како што рече министерот, нема поврзаност меѓу случаите, но за тоа дали биле во странство истакна дека се чекаат апидемиолопките анкети. Инаку, министерот потврди дека ниту еден од заразените со делта варијантата не е вакциниран.

Министерот уште еднаш нагласи дека вакцините секако штитат од т6ешка клиничка слика и од смрт.

А.Б.


Слично

Поврзани вести