Во Македонија од коронавирусот починаа 2.635 луѓе
Досега во земјава од коронавирусот починаа 2.635 луѓе, објави денеска Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 86.597, бројката на оздравени пациенти е 67.992, а бројот на активни случаи изнесува 15.970.
Во Скопје има 9.794 активни, во Куманово 466, во Дебар 136, во Штип 183, во Прилеп 357, во Тетово 693.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-13, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-6, Виница-3, Свети Николе-1, Неготино-2.
