ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија има недостиг од 6.000 медицински сестри: Унијата на здруженија бара конкурси за вработување

Во Македонија има недостиг од 6.000 медицински сестри: Унијата на здруженија бара конкурси за вработување

Во Македонија, земјите од регионот и дел од европските земји има недостиг на медицински сестри.

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението „За нас“ апелира да се отворат конкурси за вработување медицински сестри, бидејќи недостигаат 6.000. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во тек се вработувања на 240 медицински сестри и дека планирано е во следниот период да има вработувања на двојно поголем број медицински сестри во јавните здравствени установи низ државата.

„Според податоците од Институтот за јавно здравје, во Македонија има 9.200 медицински сестри, што значи дека се работи за многу мал број според бројот на жители. Во државава недостигаат околу 40 проценти медицински сестри и ако треба да бидеме 14.000, 15.000 медицински сестри, значи недостигаат околу 6.000“, вели во изјава за државната МИА претседателката на Унијата на здруженијата, Гордана Бешлиоска.

Таа посочува дека во последно време има тренд на заминување на наши медицински сестри и во Словенија и во Хрватска, каде има комори на медицински сестри, признаено им е образованието, личните доходи им се многу повисоки, има континуирани и отворени конкурси и веднаш можете да се вработите.

ad
Слично

Поврзани вести