Во Македонија има над 5.000 починати од коронавирусот
Во земјава сега има повеќе од 5.000 починати од коронавирусот.
Вкупниот број на починати изнесува 5.016, како што објави Министерството за здравство.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани досега во нашата земја е 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.
Досега во земјата се направени вкупно 729.337 тестирања на Ковид-19.
Во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на коронавирусот. За едно деноноќие има и 24 починати. Вчера почна масовната имунизација на населението во повеќе градови.
foto freepik
Слично
