Во Македонија досега се дијагностицирани повеќе од 105.000 ковид случаи
Во Македонија досега се дијагностицирани повеќе од 105.000 ковид случаи откако почна епидемијата.
Досега во земјата се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата е 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162. Сега вирусот „коси“ во Тиквештијата. Високата е бројката на активни во Кавадарци, Неготино, но и Прилеп, Охрид и Гевгелија. За 24 часа има 1.753 оздравени пациенти, 721 нови заразени и 9 починати.
Јужноафриканскиот сој на коронавирусот засега не е потврден во Македонија. Двајцата заразени кои се вратија од Занзибар се заразиле со британскиот сој на коронавирусот. За овој сој се смета дека е отпорен на вакцините.
Поради опасното и забрзано ширење на овој сој коронавирус, здравствените власти бараат карантин за оние кои ќе се вратат од патување од јужноафриканските држави.
foto freepik
