Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија досега од ковид починаа 4.818 луѓе

Во Македонија досега од ковид починаа 4.818 луѓе

Коронавирусот секој ден зема животи. Досега во земјава од вирусот починаа 4.818 луѓе. 

За 24 часа имаме 46 починати. Од нив 15 се од главниот град. Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 45 се починати во болнички услови.

Регистрирани се 641 оздравен пациент од:Скопје – 298, Битола – 59, Прилеп – 46, Струмица – 44, Кавадарци – 23, Штип – 21, Кочани – 20, Тетово и Гостивар – по 19, Охрид – 13, Кичево – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка – 7, Виница – 6, Велес и Валандово – по 5, Струга – 4, Куманово и Делчево – по 3, Берово и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата е 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171,  а бројот на активни случаи изнесува 15.013.

foto freepik

Слично

Поврзани вести