Во Македонија доминира британскиот сој, а со јужноафриканскиот бил заразен камионџија од Делчево
Во земјава уште доминира британскиот сој на коронавирусот.
Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека имало и други соеви кои биле изолирани.
„Очигледно е дека има други поединечни случаи, поради тоа што имаше детекција на јужноафрикански сој кај граѓанин од Делчево кој бил заразен во месец март. Тој бил човек патувал и во западноевропски земји, бил возач на камион. Но, тоа ни укажува дека поединечните случаи од очигледно други вируси што биле присутни, сепак се само поединечни и нема тенденција некој сој на вирсуот значајно да предоминира над британскиот. За да предоминира некој сој како што британскиот збриша се претходно кога се појави, треба да биде многу полесно пренослив од тој што е актуелен. Очигледно е нема таква тенденција“, рече Филипче.
Македонскиот армиски офицер кој деновиве преку медицинска евакуација е донесен од Централноафриканската Република и е сместен на Инфективната клиника во Скопје, има нигерски сој на коронавирусот. Ова го покажале анализите од брисевите земени од потполковникот со што се докажало дека кај него не е регистрирана јужноафриканската мутација.Нигерската е слична на британската која веќе е доминантно присутна во земјава.
За 24 часа во земјава има 30 заразени и 16 починати од вирусот.
foto freepik
